
Петровска: Власта прави намерни деловнички грешки со Комисијата за АНБ
Пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска смета дека власта намерно направи деловнички грешки со Комисијата за АНБ бидејќи се плаши од декласификација на документите која ќе покаже што е вистината зад надуваниот скандал.
Пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска смета дека власта намерно направи деловнички грешки со Комисијата за АНБ бидејќи се плаши од декласификација на документите која ќе покаже што е вистината зад надуваниот скандал.
-Она што се случи вчера е дека добив известување, како членка на Комисијата, дека треба да претседавам со седница закажана за денес. Но утрово, преку писмо од претседателот на Собранието, како и сите пратеници, бев известена дека седницата се одложува.Од она што неофицијално успеав да разберам, станува збор за утната процедура или погрешна примена на Деловникот, и поради тие причини седницата е одложена. Како пратеничка и како членка на Комисијата, не бегам од одговорноста да претседавам тогаш кога, согласно Деловникот, ќе бидам задолжена од претседателот на Собранието. Дали тоа ќе биде денеска во 14, 15, 17 или 22 часот, апсолутно немам никаков проблем, порача Петровска.
Таа уверуваше дека на СДСМ и е од интерес надзорот да се спроведе и граѓаните, а и јавноста, да бидат информирани за наодите и информациите до кои ќе дојдат.
-Секој друг обид за шпекулации, сценарија или префрлање вина власт-опозиција-ДУИ и така натаму е неприфатлив, бидејќи се покажува дека поединци во Собранието немаат сериозен пристап кон ова прашање.Ние немаме што да криеме. Се сомневаме дека власта има што да крие. Затоа, по нашето повеќедневно инсистирање за декласификација, можеби ова одложување е резултат на страв од таа декласификација. Она што би било откриено со тие документи најверојатно нема да биде пријатно за претставниците на сегашната власт. Она што мене ми е познато е дека вчера и претседателот на Комисијата, Скендер Реџепи, не бил информиран дека јас ќе претседавам со Комисијата. Тој ми пренесе забелешки дека известувањето за закажување на седницата не е во согласност со Деловникот и дека до него не е доставена никаква иницијатива или барање за свикување на седницата. По проверка во службите, ми потврдија дека навистина таква иницијатива не била доставена.
Затоа, дали е доставена до претседателот на Собранието – немам информација. Но, од она што неофицијално ми беше кажано, е дека и таму не е доставена. Повторувам: јас сум подготвена, кога и да се закаже, да претседавам и тоа да го направам.
Несериозен е пристапот на власта, особено затоа што тие се тие што го обелоденија овој таканаречен скандал, а при тоа пропуштија правилно да го применат Деловникот. Тоа е сомнително, најмалку речено. Тоа значи дека свесно сакаат вниманието да го насочат кон деловнички интерпретации, а во суштина – надзорот не го посакуваат. Веројатно, токму поради тоа што документите ќе откријат интересни сознанија. Не прејудицирам, само поставувам прашања. Но, час поскоро ако се одржи надзорот и ако се декласифицираат тие информации, сите овие дилеми ќе бидат разрешени и ќе ја знаеме вистината, реќе Петровска за овој најнов деловнички квази-серијал.
Таа изрази сомнеж дека целата оваа манипулација е само подготовка за следниот чекор – спојувањето на двете агенции, со цел директор на новата агенција да биде човек без никакво искуство во безбедносниот и разузнавачкиот сектор.
-Не го знам точниот број на пратеници што треба да поднесат иницијатива, мислам дека е една третина. Ќе го провериме Деловникот. Но, со сигурност знам дека власта го има потребниот број. Еве јавно велам: јас ќе се потпишам на таа иницијатива, затоа што сметам дека надзорот мора да се одржи.
Според неа, проблемот со безбедносниот сертификат на Скендер Реџепи, ако постои волја од власта, може да се реши уште денес.
Претходно од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека ако Христијан Мицкоски е следен поради било што поврзано со кој било случај, самиот факт што не е уапсен е доказ дека сè што зборуваа од СДСМ е лага.
– Им благодариме што открија дека и самите знаеле што е вистина дека Мицкоски нема никаква компромитација ниту бил дел од било што нечесно било кога. Уште еднаш, ви благодариме. И конечно, тоа што самите бараат изговори да оправдаат следење на опозицијата (откако веќе докажано знаеле дека нема никаков случај против него и е чист како солза) е само по себе доказ дека се инволвирани и дека нивни структури свесно го правеле ова, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од владејачката партија ако го следеле заради Делчевски ниви, како СДС го знае тоа?
-Ако следеле за Делчевски ниви, а Мицкоски не е уапсен ниту дел од таа постапка, значи дека и покрај тоа што е следен, СДС знаел дека нема врска со тој случај, но сепак го користеле како изговор да биде следен. Патем, тој случај самото Обвинителство под нивна контрола го повлече поради недостиг на докази и немање случај, оценија од ВМРО-ДПМНЕ. Претходно тврдеа дека и тие сакаат да се направи контролата во АНБ, па и дека ДУИ го минира тоа заради коалициониот партнер СДСМ – иако и овојпат изгледа поверојатно дека ДУИ „работи“ за ВМРО-ДПМНЕ.