„Нашата безбедносна состојба е стабилна. Во моментот нема индиции за директни закани врз нас од безбедносен аспект. Засега не се регистрирани упади од аспект на хибридни закани или какви било посериозни дејствување, но повеќе институции во државата кои се задолжени дневно известуваат и се справуваат со некои помали облици на такви појави“. Ова денеска го изјави министерката за одбрана – Славјанка Петровска по презентацијата на новиот интерен систем за управување со јавните набавки во МО.
„Во однос на хибридни закани, РС Македонија како дел од НАТО, но и генерално како држава на Балканот континуирано се наоѓа под некаков притисок или потенцијална закана“ – изјави Петровска.
Додаде дека една од големите клучни придобивки од членството во НАТО е што РС Македонија има капацитети да ја гарантира сопствената безбедност, но и е дел од колективниот систем за безбедност на Алијансата.
На новинарско прашање кои се причините за протерувањето на руските дипломати и дали се поврзани со безбедноста на државата, министерката Петровска нагласи дека МНР е надлежно да реагира на информациите што ги добива бебзенодсно – разузнавачките служби.
„Се работи за случај кога е прекрешена Виенската конвенција за однесување на дипломатите во нашата држава. Што значи дека тие со своите постапку на некаков начин ги прекршиле, ги пречекориле своите овластувања“ – рече министерката за одбрана.