Петровска на својот фејсбук профил откри во јавноста дека е приведена припадничка на Армијата заради вршење кривично дело поткуп.
Вработената, служејќи се со лаги и манипулации уценувала кандидат пријавен на оглас да ѝ даде 3.000 евра за да биде примен. Кандидатот е успешен и секако ќе беше примен, а лакомата вработена е лишена од слобода, ќе го изгуби работното место и ќе биде кривично гонета исто како и нејзините соучесници.
“Ова нека биде порака за сите: за криминалот нема место во Армијата!
Ги охрабрувам сите да ги пријавуваат ваквите случаи – криминалот и корупцијата ќе добијат жесток и бескомпромисен одговор” – напиша Петровска на својот профил.