Поранешниот специјален пратеник на Европската Унија и висок меѓународен претставник за Босна и Херцеговина Волфганг Петрич оцени дека на Балканот се случува конфликт кој може да се запре, но, кој сепак има потенцијал за ескалација. Тој препорачува официјалните лица да дејствуваат што е можно поскоро за вербално да се разоружа.
„Бидејќи, како што видовме во Украина, оваа вербална ескалација лесно се претвора во воена ескалација“, изјави Петрич за Радио Слободна Европа и оцени дека Владата на Косово донела мудра одлука да го одложи спроведувањето на решенијата за регистарски таблички и лични документи.
Според него, ЕУ треба да направи повеќе за дијалогот во кој посредува меѓу Косово и Србија, а овој пример покажува дека одложувањето на процесот не функционира.
етрич рече дека поради војната во Украина, ситуацијата во Источна и Југоисточна Европа станала многу поемотивна и понестабилна и дека агресијата врз Украина иницирана од Русија има одредено прелевање на Балканот.
Тој истакна дека НАТО и КФОР се во состојба на готовност во Косово и дека меѓународното присуство е важно за да се обезбеди продолжување на дијалогот и компромисот.