Нови кавги и поделби во СДСМ. Најновата е меѓу екс градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и генералниот секретар во оставка – Миле Зечевиќ.
Шилегов за Зечевиќ кој одбра прекар Вардарски на социјалните напиша:
„Дечкото од Серава, што мисли дека е `булдужер` од Вардар… Допрва следи `римув`“.
Шилегов не дообјаснува на што се должи ваквата реакција, но може да се заклучи дека станува збор за негово исклучување од некоја онлајн група по налог токму на Зечевиќ.
Токму на Миле Зечевиќ му забележуваат што во време кога тој е генерален секретар СДСМ го доживеа историски најголемиот дебакл, а не го му го забораваат и неговото присуство при формирањето на партијата на актулената градоначалничка на Скопје – Данела Арсовска.