Претходната година ќе се заврши со раст од 1,6 отсто, за годинава се предвидува раст меѓу 2.5-3 отсто, а потенцијалот на нашата економија е меѓу 4 и 4,5 отсто. Ние сме во фаза под потенцијалниот раст, вели универзитетскиот професор Марјан Петрески кој ги анализираше светските економски движења вечерва во „Трилинг“.
На прашањето „дали може да дојдеме до нова рецесија на светски план“ тој даде исцрпен одговор.
Она што моментално го има во светската економија е една фаза на излегување од криза на цените со храната и енергијата во услови на тензија. Конфликтот во Украина е активен. Конфликтот на Блискиот Исток е активен и интензивен, дополнет со проблемите на Јемен и протокот на стоки низ Црвеното море. Ризиците се присутни се уште. Видовме стабилизација на цените од достигнувањето на пикот во 2022 година и се уште имаме ситуација на релативно висока инфлација, започнува Петрески.
За одлуката „Гарантирана цена“ Петрески смета дека не претстои нов ценовен шок пред нас.
Мерката беше исправна. Вториот дел од 2023 година имаше многу притисоци додека на глобално ниво имавме намалување на цената на храната, кај нас имаше спротивни тенденции односно имаше „нефер трговски практики“. Да потсетам, инфлацијата беше многу повисока од сега.
Тој детално ја објаснува мерката „Гарантирана цена“.
Таа мерка го исцрпи својот ефект, но се уште имаме одредени ризици: картелско договарање на цени и притисок врз цените кои сега ќе се одмрзнат. Владата гледам дека алудира на законот на нефер трговски практики меѓутоа тој се уште не е донесен, а постои еден друг друг контингент на мерки во анти-монополското законодавство каде во главно преку механизмите кои стојат на располагање и треба да се доделат на Комисијата за заштита од конкуренција да ги видиме ефективни на терен.
Тој вели дека не очекува големи турбуленции и поскапувања во следниот период.
За поскапувањето на оризот вели дека не знае што точно се случува на пазарот.
Во крајна линија битно е какви се општите услови во економијата. Реков во последните квартали имаме забавување на економијата, растот е анемичен. Претходната година ќе се заврши со раст од 1,6 отсто, за годинава се предвидува раст меѓу 2.5-3 отсто, а потенцијалот на нашата економија е меѓу 4 и 4,5 отсто. Ние сме во фаза под потенцијалниот раст. Пониската побарувачка ќе направи да се стабилизира цената, а таа ќе ги елиминира овие тенденции, рече тој.
Според него приоритет на идната влада е
Главен проблем на оваа наша економија е неефективноста во оваа наша економија почнувајќи од највисоко па се до најниско ниво. Тоа е поврзано со институционалниот поредок. Ние треба да создадеме систем со ефективни институции, вели тој.
Додава дека треба законите треба да се применуваат неселтивно, а тоа е основа за економски раст и социјална кохезија.
Целото интервју може да го погледнете во продолжение: