Д-р Благица Петрески, гостинка во најновото издание на Трилинг вели дека за тоа дали економските политики или пак политичките прашања им се приоритет ќе покаже времето.
На прашањето дали економските мерки се недоволни или погрешни таа појасни :
,,Севкупниот шок кој земјава го искуси минатата година кој што во голема мера беше увезен шок, заради глобалните случувања, војната во Украина, сето тоа предизвика голем раст на енергентите. Но и висок раст на основните продукти. Сето тоа значеше дека ние како земја имаме увоз на инфлација и цените кои што ги искусивме во земјата беа на едно невидено ниво во поновата историја на економијата. Севкупната таква состојба предизвика сериозни ризици по однос на сиромаштијата наметна енергетска сиромаштија и наметна сиромаштија по основ на храна” – истакна Петрески
Петрески откри и каде го гледа решението во однос на елиминацијата на сивата економија?
,,Апсолутно се согласувам. Нашите проценки викаат дека доколку се справиме со сивата економија, во буџет ќе имаме дополнителни 700 милиони евра на годишно ниво по некоја конзервативна проекција. Тоа е всушност една евро обврзница” – потенцираше извршниот директор на Finance think.