
Петмина уапсени за лажните дојави за поставени бомби во Тетово, четворица се малолетници
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по преземени оперативни мерки и активности полициски службеници од СВР Тетово денеска (26.03.2026) лишија од слобода тројца малолетници инволвирани во случаите со лажните дојави за поставени бомби во дел од основните и средните училишта во Тетово.
Лишени од слобода пет лица од кои четири се малолетници, за лажните дојави за бомби во тетовските училишта
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по преземени оперативни мерки и активности полициски службеници од СВР Тетово денеска (26.03.2026) лишија од слобода тројца малолетници инволвирани во случаите со лажните дојави за поставени бомби во дел од основните и средните училишта во Тетово.
Во претходниот период од слобода беа лишени уште две лица од кои едниот малолетник, исто така инволвирани во случаите со лажните дојави за поставени бомби. Против сите пет лица кои се инволвирани ќе бидат поднесени соодветни поднесоци до надлежното Обвинителство, согласно Кривичниот законик.
МВР апелира до родителите итно да преземат соодветни мерки за контрола врз своите деца. Потребно е максимално внимание и превенција за да се спречи какво било понатамошно појавување на вакви појави кои ја вознемируваат јавноста и го нарушуваат безбедносниот систем.
СВР Тетово нема да толерира никакви обиди за загрозување на безбедноста на учениците и граѓаните. Во случаи на идни вакви дејствија ќе се преземаат најстроги законски мерки против сторителите, но и против родителите за занемарување на должноста за надзор.