Петков ќе оди во посета на Киев

Бугарскиот премиер Кирил Петков ќе го посети Киев, а во неговата делегацијата ги покани и претставниците на четирите партии од владејачката партија. Петков ова го изјави во интервју за Нова ТВ.

Министерот за надворешни работи на Украина – Дмитро Кулеба завчера си отиде од Софија без да добие јасен одговор дали Бугарија ќе и даде воена помош на неговата земја. Тој учествуваше на состанокот на парламентарната комисија за надворешна политика, пред која зборуваше за руската инвазија на неговата земја и повика на воена помош.

Народното собрание на Бугарија по велигденскиот одмор ќе мора да одлучи дали ќе испрати воена помош за Украина.