Денеска започнаа консултациите со претседателот на Бугарија, Румен Радев за да се утврди на која парламентарна партија да ѝ биде предаден третиот истражувачки мандат за формирање нова влада.
Прва беше „Продолжуваме со промената“, предводена од премиерот во оставка – Кирил Петков.
„Не ни треба само договор за нова влада, туку ефикасна администрација со стратешки хоризонт, што ќе ги преземе и спроведе неопходните реформи“ – рече бугарскиот претседател.
Тој ги праша претставниците на „Продолжуваме со промената” дали има потенцијал 47-то Народно собрание да донесе нова влада на Бугарија, што ќе се заснова на заеднички вредности и принципи, а не на политичко пазарење.
Петков изјави дека ќе бидат максимално расположени за дијалог и ќе направат сè што е можно за Бугарија да има функционален парламент и функционална влада, она на што не се подготвени, е да не ги дадат сите финансиски средствана мала група луѓе, кои реално го ограбуваат населението на Бугарија.
Петков изјави дека досегашната владејачка коалиција се справува многу добро, бидејќи азербејџанскиот гас започнал да доаѓа кон Бугарија преку интерконекторот со Грција и веќе стига до потрошувачите од стопанството и потсети, дека од вчера нивното индустриско производство во Бугарија, според официјалните податоци, е целосен рекорд во Европската Унија.
Петков призна дека има инфлација во Бугарија, но таа е увезене однадвор поради геополитичката нестабилност. Тој беше категоричен дека политичката криза во Бугарија треба да биде избегната по секоја цена.
„Од вашата одлука зависи кому ќе припадне третиот мандат. Очекуваме со огромно нетрпение да видиме на кого ќе го дадете и доколку е кај нашите сегашни коалициони партнери, отворени сме за разговори и дијалог“ – додаде Петков.
Заедно со него кај Радев, беа и Асен Василев, како и поранешниот претседател на 47. Народно собрание Никола Минчев и Андреј Ѓуров.