Петков ја пофали министерката во заминување за напредокот во преговорите со С. Македонија

Премиерот на Бугарија – Кирил Петков ја пофали министерката за надворешни работи – Теодора Генчовска за напредокот во преговорите за европска иднина на С. Македонија.

Тој во интервју за „БТВ“ нагласи дека нејзините неодамнешни разговори во Скопје ги доближиле можностите за европските партнери да се согласат првата меѓувладина конференција да се одржи дури по промената на Уставот во С. Македонија.

„Министерката за надворешни работи Теодора Генчовска има разговарано дека само доколку се промени Уставот на Република С. Македонија ќе се одржи првата меѓувладина конференција за која гарантираат нашите европски партнери“ рече Петков откако коалицискиот партнер од „Има таков народ”, партија чиј член е и Генчовска, се повлече од владината коалиција.