Петков утре ќе е домаќин на премиерите на Романија, Македонија и Црна Гора

Бугарскиот премиер Кирил Петков, утре во Софија ќе одржи состанок со лидерите на земјите-членки на НАТО од Југоисточна Европа.

На настанот се очекува да присуствуваат премиерите на Романија, С. Македонија и Црна Гора – Николае Чука, Димитар Ковачевски и Здравко Кривокапиќ, соопштија од бугарската Влада.

Премиерите ќе разменат мислења за последиците од конфликтот во сферите  на безбедноста, енергетиката и економијата на краток, долг и среден рок.

Во центарот на дискусиите ќе бидат дискусиите за регионот од војната во Украина.

Петков, Ковачевски, Чука и Кривокапиќ ќе разговараат за импликациите врз безбедноста, енергетиката и економијата на краток, долг и среден рок.