„Убеден сум дека денешниот ден ќе остане во политичката историја на односите меѓу Бугарија и Грција. Ќе остане запаметено по нашата потрага по економска слобода и политичка независност“.
Ова го изјава на бугарскиот премиер – Кирил Петков во Грција каде што почна изградбата на терминал за течен природен гас кај Александрополис.
Петков изрази благодарност за помошта што Грција и ја дава на Бугарија.
„Ние, земјите од слободна и демократска Европа, можеме само да се спротивставиме на руската инвазија на Украина и на притисокот без преседан што Русија во моментов ни го врши за заедно да го прекинеме снабдувањето со гас и да водиме политика која ги почитува принципите на меѓународното право. Економската уцена на Кремљ кон Бугарија и ЕУ нема да успее, бидејќи ние ќе се спротивставиме и денешниот настан е доказ за тоа“ – рече Петков.
Премиерот смета дека овој проект ќе ја промени енергетската карта на целиот регион.