Петков: Советот за безбедност – главен орган за сериозните одлуки за безбедноста
Бугарскиот премиер Кирил Петков со свој коментар за тензиите меѓу Русија и НАТО. Советот за безбедност на бугарската Влада ќе биде главниот орган за донесување сериозни одлуки кога станува збор за безбедноста, рече тој.
Петков информираше дека на денешната седница ќе се анализира состојбата и ќе се дадат препораки за утрешното заседание на бугарската Влада.
На прашањето за зголеменото присуство на бродови и авиони на НАТО во Црното Море, бугарскиот премиер коментира дека тоа не е вонредна состојба, туку дел од одлуката во 2016 година за зголемена „Air Policing“ и засилен влез во Црното Море со воени бродови. .
Препораката на Советот за безбедност по седницата ќе биде прифатена од бугарската влада и потоа ќе биде испратена до Народното собрание, коментира Кирил Петков.
Тензиите растат, рече бугарскиот премиер, додавајќи дека „во моментов не се чувствува војна“.
Бугарија работи на намалување на тензиите во Црното Море и односите меѓу НАТО и Русија. Одлуките на Советот за безбедност ќе се засноваат на бугарските безбедносни служби и на бугарската влада, додаде Кирил Петков.