„Нема да дозволам провокации да им наштетат на односите со Северна Македонија“ рече премиерот на Бугарија – Кирил Петков за медиуми во Народното собрание.
Тој оваа изјава ја даде по прашање за фотографиите на кои тој е со американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, а на која недостига премиерот Димитар Ковачевски.
„Сите се обидуваат – и во Софија и во Скопје, со некои глупости да го попречат тонот на дијалог. Нема да ги дозволам овие провокации. Затоа, во мојата следна објава на Фејсбук многу јасно кажав дека кој на која слика е, не е важно за нашата заедничка стратегија“ рече Петков.
Тој потврди дека долгорочна заедничка стратегија е Северна Македонија да влезе во Европската Унија.
Петков рече и дека му е драго што се сретнал со Бугарите во Република Северна Македонија. Нивните права, нагласува тој, се приоритет за бугарската влада. Според него, целта е да се заштитат нивните права и да нема говор на омраза, а притоа да не се дозволи Република Северна Македонија „да испадне од шансите за влез во ЕУ.