Премиерот на Бугарија – Кирил Петков изјави дека руски агенти во Бугарија, работеле против добрите односи меѓу Скопје и Софија.
Тој соопшти дека доста голема „руска дијаспора сочинета од агенти“ која се формирала во Бугарија работат на различни интереси, а еден од фокусите бил да нема европска иднина за Западниот Балкан.
„Она што го истражуваме во моментов на многу места е дека агенцијата работи напорно, има доста голема агентна дијаспора формирана во Бугарија, руска, која моментално гледаме дека работи на многу различни интереси. Дел од она што веќе ми беше пријавено е дека имаме руски агенти кои работеле против разбирањето меѓу Бугарија и Република Северна Македонија, а рускиот интерес е насочен кон тоа да нема европска иднина за Западен Балкан“ – изјави Петков.
Бугарскиот претседател, Румен Радев е со став дека националната агенција за безбедност имала здрав имунолошки систем и таму активно се работело да се спречи пробив на некакви шпиунски активности.
На 2. март, бугарското контра-разузнавање откри резервен генерал кој шпионирал за Кремљ, а како одговор, бугарските власти протераа двајца руски дипломати.