Петков пред обвинение за пречекорување на службената должност додека бил премиер
Поранешниот бугарски премиер Кирил Петков денеска е повикан на распит во обвинителството во Софија, а се очекува да биде обвинет и за пречекорување на должноста додека ја извршувал функцијата премиер.
Поранешниот бугарски премиер Кирил Петков денеска е повикан на распит во обвинителството во Софија, а се очекува да биде обвинет и за пречекорување на должноста додека ја извршувал функцијата премиер.
Според бугарските медиуми, се очекува Петков да биде обвинет бидејќи, наводно, како премиер, незаконски наредил притвор на лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов, партиската ПР Севделина Арнаудова и поранешниот министер за финансии Владислав Горанов во 2022 година. Државното обвинителство соопшти дека апсењето на тие функционери им го нарушил угледот и имало штетни последици за државата.
Веднаш по апсењето на тројцата функционери во март 2022 година, судот ги отфрли мерките притвор поради немање поддршка од обвинителството, а Петков лани доброволно се откажа од пратеничкиот имунитет на барање на в.д. Јавниот обвинител Борислав Сарафов. Гласачите на Петков организираа протест пред зградата на Специјалниот суд во Софија за да изразат солидарност со поранешниот премиер.
Асен Василев, копретседател на партијата „Продолжуваме со промените“ на Петков, објави дека ниту тој, ниту поранешниот министер за внатрешни работи Бојко Рашков не биле повикани на распит и покрај тоа што присуствувале на седницата на владата во моментот кога биле донесени одлуките за апсење на тројцата функционери.