Бугарскиот премиерот – Кирил Петков најави дека на Самитот во Брисел следната недела нема да оди со став на Владата во однос на францускиот предлог, туку со одлука на Народното собрание.
Според него, темата Македонија е многу важен национален случај и за одлуката треба да има максимална вклученост. Предлогот на француското претседателство со ЕУ е веќе во Народното собрание на Бугарија.
„Пратениците ќе донесат одлука, ќе ја исполнам волјата на Народното собрание“ – рече Петков пред новинарите во Бугарија.
Тој наведе дека првиот чекор за започнување пристапни преговори на Македонија со Европската Унија е прва меѓувладина седница, а таа ќе започне откако Македонија ќе го промени Уставот. Тогаш, порача тој, дека Бугарија нема да може да не сопре на патот.