Кирил Петков – премиерот на Бугарија по вчерашната официјална посета на Македонија денеска пред новинарите во Софија посетата ја оценил како многу успешна.
„Од една страна ние подадовме рака со тоа што отидовме таму први, а од друга страна тие ни дадоа нота која што се надевавме дека ќе ја добиеме пред две години. Таа нота е многу поважна од само кусото и долгото име. Таа нота покажува дека Република Северна Македонија нема територијални претензии кон Бугарија. Тоа е нешто нормално тие да го кажат, но за нотата се зборуваше, се зборуваше и се преговараше, а ние само затоа што направивме нов пристап, ја добивме. Тука треба да се разбере дека вчера беше огромен успех“ – рекол Петков.