Досегашниот бугарски премиер Кирил Петков ќе биде номиниран од политичката партија „Продолжуваме со промената“ за премиер по изгласаната недоверба на неговиот кабинет. Тоа го потврди и самиот Петков на прашање на Њуз/Бг по завршувањето на гласањето во салата, излегувајќи пред демонстрантите собрани за поддршка на власта.
„Народот е тој што гарантира дека промената ќе продолжи. Од она што го гледаме ќе им дадеме уште една шанса на пратениците од „Има таков народ“. Но, ако им е страв – одиме на избори, изјави Петков.
„Промената ќе продолжи. Ова е единствениот начин да се промени Бугарија. Нема зделки, нема задкулисни зделки. Тоа што го кажуваме, го правиме“, нагласи тој.
И повторно истакна дека „Трифонов и Борисов и Митрофанова го соборија кабинетот“.