Петков оди во САД, ќе ги решава проблемите со природниот гас
Премиерот на Бугарија – Кирил Петков ќе оди во работна посета на САД, во понеделник и вторник, на покана на претседавачот на Минхенската безбедносна конференција – Кристоф Хојсген, ќе учествува на лидерска средба на највисоко ниво.
Бугарскиот премиер ќе учествува на меѓународен лидерски состанок и ќе разговара со претставници на американската Влада.
Посетата на бугарскиот премиер е дел од планот за координирани решенија за проблемите со природниот гас. Разговорите ќе се фокусираат на мерките за енергетска независност и безбедност на Бугарија по едностраниот прекин на снабдувањето од страна на Русија.