Петков не бил запознаен со предлогот на Макрон за кревање на ветото

Премиерот на Бугарија – Кирил Петков денеска изјави дека не е запознаен со предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон во врска со кревање на ветото за Македонија.

Во однос за одлуката за ветото за С. Македонија, премиерот на нашиот источен сосед вели дека нема да преземе никакви чекори за нејзино укинување без одлука на Народното собрание.

„Во врска со планот на Франција јас ништо не сум видел црно на бело, но, се разбира, сме готови и отворени да разговараме со сите наши европски партнери кои имаат предлози, но повторно ќе кажам тие треба да бидат согласни со рамковната позиција на Бугарија дури и таа позиција да се утврди, таа треба да помине низ Народното собрание“ – вели Петков.