Премиерот на Бугарија – Кирил Петков не смета дека треба да се укине ветото за Македонија за членство во ЕУ, туку дека треба да се помести.
„Промената на Уставот во С. Македонија мора да се случи пред првото поглавје и треба да ги ставиме на колосек за Европа, но критериумите што треба да ги исполнат мора јасно да бидат поставени од нас. Ѝ даваме пат на С. Македонија кон Европа, но овој пат е поплочен со барања и обврски, јасно врамени и кои ги користи цела Европа за да обезбеди напредок што сите сакаме да се случи таму“ вели тој во интервјуто за бугарска „Нова ТВ“.
Премиерот смета дека „тоа не е затоа што Бугарија сака нешто од С. Македонија, туку затоа што тоа е напишано во нивниот договор со ЕУ, кој го дефинира нивниот пат како земја-членка“, додал Петков.
Појаснува дека Бугарија има поддршка за таква опција од своите европски партнери, а претседателката на Европската комисија – Урсула фон дер Лајен најавила дека таа може да биде гарант за овој процес.