Премиерот на Бугарија – Кирил Петков на Фејсбук напиша дека започнува јавна кампања за собирање средства што ќе и бидат доставени на украинската Влада.
Според него, испраќањето воена помош за Украина бара политичко, но и општествено единство. За таа цел тој ќе донира една од своите плати како премиер на Бугарија.
Во среда Петков и делегација предводена од бугарската владејачка коалиција ќе го посетат Киев.
Според него, додека не се постигне политички консензус на темата, граѓаните на Бугарија, кои веруваат дека никој во Европа нема право да ги напаѓа соседите и да убива цивили, можат слободно да изберат финансиски да и помогнат на Украина за набавка на муниција.