Петков нареди вонредна седница на Советот за безбедност на Бугарија
Премиерот на Бугарија – Кирил Петков свика вонредна седница на Советот за безбедност на која се разговарало за состојбите во регионот на Источна Европа и на Балканот во врска со ризиците кои произлегуваат од војната во Украина, како и можните сценарија за развојот на ситуацијата.
Министерот за одбрана – Драгомир Заков, истакнал дека позицијата на Бугарија во НАТО мора да биде јасна и предвидлива и дека тоа е насоката во која работат бугарските институции.
Петков, пак, од своја страна, ги повикал безбедносните служби да продолжат да даваат оперативни информации.
Министерот Заков повторил дека Бугарија го штити својот воздушен простор со своите ловци „МиГ-29“, така што земјата нема можност никому да дава авиони.