„Единствениот голем проблем во моментов е што влегуваме во политичка криза“ рече бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков кој во Грција со премиерот Мицотакис присуствуваа на церемонијална свеченост по повод завршувањето на интерсистемската гасна врска Грција – Бугарија.
„Немаше 121 луѓе кои не се плашеа да кажат ‘не’ на заткулисните игри. Толку сме свесни за тежината на одговорноста што ја имаме, што утрово сите наши пратеници се обидоа да комуницираат со пратениците од Има таков народ. Засега мислам дека мандатот ќе се врати без поддршка од 121 лице. Се ќе поддржиме, освен да имаме партнер кој е во политиката од типот на Пеевски, тоа нема да го дозволиме, ниту ќе му дозволиме на Слави Трифонов, ниту ќе дозволиме други надворешни сили да диктираат“ – рече Петков.
„Очекував дека историската тежина и совеста на овие луѓе ќе надвладеат над стравот, до последен момент ќе бидеме отворени за дијалог, рече Петков. Пропуштаме историски момент од парламентот, пропуштаме можност да воведеме 40 закони, ни недостигаат пари од Планот за опоравување, ни недостасува менаџерската дејност“ – додаде Петков.