Петков за признавањето на Доњецк и Луганск: Мора да се почитува меѓународното право!

Кирил Петков – премиерот на Бугарија на својот профил на Твитер ја осуди одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ги признае Доњецк и Луганск како независни ентитети. Тој напиша дека Бугарија продолжува да го поддржува територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници.

„Мора да се почитува меѓународното право“ – напиша бугарскиот премиер и додаде дека Европската Унија ќе одговори обединето во својата одбрана.