Петков за „Политико“: Бугарија веќе не е слаба земја што дејствува само како балансер

Во интервју за „Политико“ бугарскиот премиер Кирил Петков зборува за врската што неговата земја ја имала со Москва.

„Тие денови завршија“ – изјави Петков за Политико, повеќе од една недела од почетокот на руската инвазија врз Украина.

„Бугарија повеќе не е слаба земја, што дејствува само како балансер, рече тој, додавајќи: „Сакаме сите да ја гледаат Бугарија како силна членка на НАТО, членка на ЕУ, која не се стреми да ги минимизира ризиците, не е непредвидливо, имаме единствен став“.

Бугарскиот премиер ја отфрла идејата за сфери на влијание во кои поголемите земји како Русија добиваат право да наметнуваат де факто тампон зони надвор од нивните граници.

„Навистина не ми се допаѓа идејата некој да земе карта на Европа и да црта со пенкало, за да каже дека тоа може да се случи“ – изјави Петков.

Бугарскиот премиер изјави дека денес симболично ќе го поддржи почетокот на преговорите за членство на Украина во ЕУ.

– Срцето ми вели дека не можеме да ја напуштиме Украина, рече тој.

Призна дека ќе и биде тешко на Софија да им се придружи на сојузниците кои испраќаат оружје во Украина.