„На 4 февруари Бугарија и Северна Македонија подготвуваат заедничко чествување на Гоце Делчев по повод 150-годишнината од неговото раѓање“. Ова денеска пред пратениците во Народното собрание на Бугарија го изјави бугарскиот премиер, Кирил Петков.
Петков рече дека македонскиот премиер Ковачевски изразил желба да има резултати со прашањето со Бугарија.
Бугарскиот премиер Петков рече дека македонските министри кои престојувале во Бугарија биле во голем број и постигнале голем напредок во повеќето теми од разговорите со нивните бугарски колеги. На заедничката средба биле потпишани три меморандуми, во многу клучни области, меѓу кои и Коридорот 8.
Петков пред народните избраници рече дека Ковачевски изјавил дека не гледа проблем со вклучување на Бугарите во Уставот на Северна Македонија, без да каже временски рокови. Тој појасни дека веќе не се зборува за пет плус еден, туку за четири плус едно барање.