Петков: Грешка е што се откажавме од евтин гас од Азербејџан!
Кирил Петков – премиерот на Бугарија изјави дека е грешка што Бугарија се откажала од евтиниот гас од Азербејџан.
„Погледнете што се случува на светскиот пазар. Вчера цената на гасот беше 114 евра за мегават/час, немаме гас, можеме само да купуваме. Тоа што се откажавме од евтин гас од Азаербејџан е грешка. Единствено што можеме да направиме е да ја следиме ситуацијата и да купуваме гас кога цената на берзите ќе биде пониска“ рече Петков.
Тој најави дека во текот на оваа седмица ќе отпатува за Грција за лично да види како напредува поврзувањето со грчкиот гасовод.
„Се надевам дека тој проект ќе биде готов до крајот на јуни. Тоа е огромен проект што јас лично го раководам. Единаесет години не беше изграден, а сега ние ќе се обидеме да го изградиме за шест месеци. Тоа ни се случува заедно со сите останати проблеми. Немаме кризен штаб, не сме подготвени да се соочиме со ценовни шокови, немаме функционална Агенција за бегалци. За 90 дена од ништо правиме нешто“, рече Петков.