Поднесов тужба против Бојко Борисов за 250 000 евра. Смачено ми е да ги слушам неговите клевети, лаги за посредници, за провизии. Овој човек веќе е осуден за клевета, докажан лажго. Време е да ги запрете овие лажговци со нивните валкани трикови, изјави поранешниот бугарски премиер Кирил Петков, по поднесената пријава за клевета против лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, пренесе БГНЕС.
Петков објаснил дека тужбата против Борисов се однесува врз основа на неговите коментари упатени против него, а таа е поднесена во Окружниот суд во Софија.
„Апсењето на Борисов е само првиот чекор, ќе го завршиме по 2 октомври“, се закани Петков и нагласи дека случајот ќе се води се додека лидерот на ГЕРБ не биде осуден, пишува БГНЕС.
По повод одлуката на Управниот суд во Софија, со која апсењето на Бојко Борисов на 17 март беше прогласено за незаконско, Петков коментираше дека многу луѓе се разочарани што тој се уште е на слобода.