Петков: Гласав за нормален европски живот, не сакам моите ќерки да одат да работат во странство

„Денеска гласав машински од една едноставна причина, не сакам моите две ќерки да одат да студираат во странство. Сакам мојата трета ќерка да се врати на работа во Бугарија“, изјави копретседателот на „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија “ , Кирил Петков , откако го оствари своето право на глас.

„Кога ќе ги видам моите пријатели во Варна, сакам да не патуваат 5, туку 3 часа. Сакам кога патуваме низ Европа да не се чувствуваме како втора категорија на луѓе и на секоја станица да ни ги проверуваат документите“, додаде Петков.

„Гласав за нормален европски живот, нормални патишта, образование. Нема спасител и се зависи од нас“, категоричен е тој.