Петков: Во С. Македонија и Бугарија има сили кои не го сакаат ова добрососедство и стабилност

Во Република Северна Македонија и во Бугарија има многу јасни сили кои не го сакаат ова добрососедство и стабилност и ќе ја искористат секоја можност во наредните недели да го блокираат нашиот процес“. Ова е изјавата на бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за „БНТ“.

„За надворешната политика во нашите односи, одговорни се премиерот Ковачевски и премиерот Петков“ – посочи тој.

Рече и дека со Ковачевски се познаваат две недели, и сето она што е договорено било исполнето.

Според него, со проширувањето на односите – воведувањето пат, авион, железница до Скопје, одеднаш сите се поподготвени да разговараат за целата рамка на добрососедство.

Бугарскиот премиер најави дека утре, по положувањето цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Борисовата градина во Софија, со в.д. амбасадорот на С. Македонија во Бугарија – Владимир Крастевски, заедно со претседателот Румен Радев во Благоевград ќе оддадат почит на споменикот на Гоце Делчев.

Тој посочи и дека бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска ќе го посети Скопје и тука ќе оддаде почит на Гоце Делчев, заедно со македонската министерка за култура.