Премиерот на Бугарија – Кирил Петков изјави дека земјата е подготвена за сценарио за прекин на испораката на рускиот природен гас, а од своја страна во моментов го разгледува договорот за транзит низ неговата земја.
Според него, Бугарија нема да подлегне на рекет и уцени да го плаќа природниот гас во руски рубљи, а во исто време нема да го намали снабдувањето со природен гас за потрошувачите во земјата.
Министерството за енергетика на Бугарија има јасен акциски план во сегашната ситуација, рече Петков.
Премиерот на Бугарија коментираше дека властите во земјата на ниту еден начин нема да го намалат снабдувањето со гас на потрошувачите.
Прекинот на испораката на гас за Бугарија од страна на Газпром е кршење на сегашниот договор, рече Петков.
Според него, Бугарија ги преиспитува сите договори со Гаспром, вклучително и договорот за транзит низ Бугарија, бидејќи еднострано дејство на изнуда е неприфатливо.