Петков: Бугарија има шанса, мафијата го загуби коалициониот партнер!

Премиерот на Бугарија – Кирил Петков на прес-конференција им се заблагодари на пратениците кои ја напуштија партијата „Има таков народ“ и останаа во владејачкото пратеничко мнозинство.

Тој изјави дека му благодари за храброста на министерот за спорт Радостин Василев кој, како што вели „со сите сили се борел да ја победи мафијата во спортот без помош од лидерот Слави Трифонов“.

„Благодарност до Георги Георгиев, Иво Атанасов, Николај Радулов, Дејан Петков, Светлин Стојанов. Денеска видов некои храбри луѓе кои знаат дека нивната лојалност не е кон бекстејџ пејачот со неговите 20-годишни пријатели и Орлин Алексиев и друштвото. Им честитам. Бугарија има шанса, мафијата штотуку го загуби коалициониот партнер“ – изјави Петков.

Со сличен став е министерот за финансии – Асен Василев.

„Земјата не треба да ја водат сценаристи или поранешни премиери во џипови и почесни претседатели на плевни. Мафијата ја загуби можноста да формира влада. Се надевам дека ќе има и други храбри пратеници“ – рече Василев.