Кирил Петков – премиерот на Бугарија разговарал со амбасадорката на Русија во Софија – Елеонора Митрофанова.
Петков ја повикал амбасадорката да се придржува до општоприфатените норми за дипломатска комуникација и побарал таа да се однесува со должна почит и да не користи навредливи квалификации кон бугарските институции.
Амбасадорката му се извинила на Петков.
На средбата со бугарскиот премиер ја изразил и својата огорченост што во официјалната честитка до Бугарија на 3. март, руската амбасада во Софија ја спореди војната во Украина со ослободувањето на Бугарија во 1877-1878 година.
Петков повика на прекин на војната и враќање на дијалогот.