Петковиќ: На сите возила од Косово им е овозможено слободно движење во Србија

Владата на Србија донесе одлука да дозволи слободно движење на сите возила од Косово на територијата на Србија, изјави директорот на Канцеларијата на Владата на Србија за Косово, Петар Петковиќ.

Петковиќ рече дека со одлуката, која ќе се применува од 1 јануари, се заштитуваат правата на Србите на Косово и дека им се овозможува слободно движење.

Но, не беше наведено дали регистерските таблички на автомобилите од Косово сепак ќе бидат покриени со налепници кога ќе ја преминат границата, како што е сега.

Петковиќ рече дека не е тајна дека 99 отсто од Србите на Косово користат регистарски таблички РКС (Република Косово), бидејќи, според него, тоа е единствениот начин да се живее, да се преживее и да се движат.

Според податоците на Владата на Косово, од 1 ноември до 14 декември 3405 граѓани ги промениле регистарските таблички во РКС, од кои повеќето во општините Северна Митровица и Лепосавиќ.

Петковиќ рече дека со оваа одлука Владата на Србија не се откажала од непризнавањето на независноста на Косово.

„Табличките, чија употреба ја овозможивме, како и личните карти пред една година, не се симбол на државноста“, рече Петковиќ.

Тој наведе дека на сите гранични и административни премини ќе биде објавено оградување дека учеството во сообраќајот на сите возила со регистарски таблички издадени од косовските власти е овозможено од практични причини, со цел да се олесни положбата на поединците и слободата на движење, и дека тоа не може да се толкува како признавање на независноста на Косово.

Во текстот на предупредувањето се наведува и дека тоа „не го прејудицира одредувањето на конечниот статус и не може да се толкува како согласност на Белград да отстапи од правата загарантирани со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите Нации“.