Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија – Петар Петковиќ денеска изјави дека единственото нешто на што е подготвен премиерот на Косово – Албин Курти е тероризирање на српскиот народ, особено на северот на Косово и Метохија и дека тоа го демонстрира секој ден со неговите насилни и еднострани дела.
Вака тој реагираше на изјавата на Курти дека е подготвен да го поднесе предлог-статутот на Заедницата на српски општини до Уставниот суд само доколку Белград го исполни својот дел од преземените обврски.
Како што рече Петковиќ, додека Курти повеќе од две години го обвинува Белград дека наводно сака немири во регионот, се покажа дека единствениот насилен пироман на Балканот е Албин Курти, кој освен голо насилство, им забранува на Србите динар, но и можност за примање плати и пензии на Република Косово, се вели во соопштението на Управата.