Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија – Петар Петковиќ, денеска изјави дека последниот упад на косовската полиција до институциите на Србија на северот на Косово е уште еден едностран и насилен потег на Албин Курти со цел протерување на Србите и претставува директен напад на дијалогот, договорот за Заедницата на српските општини и целиот процес на нормализација на односите.
– Курти дивее, неговата антисрпска политика ја доведе до точка на вриење, особено на север. Ја видовме реакцијата на Српската листа, и јасната определба и намера на Србите да не трпат таква ситуација која води до создавање неподносливи услови за живот, што е увертира за етничко чистење – изјави Петковиќ за РТС.
Тој изјави дека вонредната состојба за Србите на Косово трае од доаѓањето на Курти на власт и дека на сите им е јасно дека сака еднаш засекогаш да стави крај на српскиот народ на Косово со затворање на српските институции.
Петковиќ подвлече дека институциите во кои вчера упаднаа косовските специјалци не се „паралелни институции“, туку целосно правни државни и локални институции на Србија на Косово.
– Единствени нелегални и нелегитимни институции се општите на север предводени од албанските галејтери, кои со 300 или 400 албански гласови ги зазедоа српските општини и згради – рече Петковиќ.
Тој, исто така, посочи дека не е точно оти полицијата само упаднала во зградите на привремените власти, имајќи предвид дека тие влегле во канцелариите на Канцеларијата на Ким, Фондот ПИО, во просториите на Центарот за социјална работа, Институтот за српски Јазик, КБЦ Косовска Митровица, Канцеларијата за млади во Лепосавиќ…
– Станува збор за унилатерален, насилен потег на Албин Курти со цел протерување на Србите, што го доведе српскиот народ на работ на свршен факт. Наместо да одиме во насока на деескалација, што е барање на меѓународната заедница од јуни минатата година, имаме повеќе од 30 ескалирачки потези на властите во Приштина – нагласи Петковиќ.