Петиција во Русија, се бара оставка од Путин

Општинските претставници од 18 области во Москва, Санкт Петербург и градот Колпин во близина на Санкт Петербург потпишаа петиција со која бараат оставка од претседателот Владимир Путин.

Тие велат дека неговите постапки „штети на иднината на Русија и нејзините граѓани“.

Ксенија Тортстрем, претставник од областа Семјоновски во Санкт Петербург, на 12 септември објави на Твитер дека нешто помалку од 20 претставници веќе ја потпишале петицијата и дека таа продолжува да собира нови потписи.

Радио Слободна Европа пишува дека Путин се справувал со несогласувањата за инвазијата на Украина со методот „железен стисок“, но тоа почнало да излегува од контрола, особено по последните украински воени успеси на бојното поле и ослободувањето на териториите на североистокот на земја.

Минатата недела, општинските претставници од областа Смолни во родниот град на Путин, Санкт Петербург го одобрија предлогот за долниот дом на рускиот парламент, Државната дума, со кој се бара Путин да биде обвинет за велепредавство, велејќи дека неговата одлука да започне војна против Украина ја поткопа безбедноста на Русија и нејзините граѓани.

Пратениците потоа беа повикани во полиција и обвинети за дискредитација на руските вооружени сили.

Минатата недела претставниците на општината Ломоносов во Москва исто така го прекорија Путин, повикувајќи го да поднесе оставка. Порачаа дека промената на власта е неопходна и важна за доброто на државата.

На почетокот на март, Путин потпиша закон кој носи долги затворски казни за дистрибуција на „намерно лажни информации“ за руските воени операции додека Кремљ се обидува да го контролира наративот за војната во Украина која започна кон крајот на февруари.