Петер Соренсен во прва официјална посета на Косово како специјален пратеник на ЕУ

Специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Петер Соренсен, денеска ја започнува својата повеќедневна посета на Косово со средба со претседателката Вјоса Османи.

Специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Петер Соренсен, денеска ја започнува својата повеќедневна посета на Косово со средба со претседателката Вјоса Османи.

Како што соопшти кабинетот на косовската претседателка, Османи ќе го прими Соренсен во претпладневните часови, а тој ќе оствари и одделни средби со премиерот Албин Курти и првиот заменик-премиер задолжен за европски интеграции, развој и дијалог, Бесник Бислими.

Ова е прва посета на Соренсен откако беше именуван за специјален пратеник за дијалог, јавува Бета.

Иако официјално не е најавено, се очекува тој да се сретне и со претставници на политичките партии застапени во косовскиот парламент, со претставници на Српска листа, како и со претставници на граѓанскиот сектор и меѓународната заедница на Косово.