Песков: Цивилите можат да го напуштат „Азовстал“!

Портпаролот на Кремљ – Дмитриј Песков изјави дека рускиот претседател Владимир Путин посочил дека цивилите можат слободно да ја напуштат фабриката за челик „Азовстал“, додека милитантите мора да го положат оружјето.

Песков реагираше на изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој рече дека Киев е подготвен за итни преговори за евакуација на луѓето од „Азовстал“ во Мариупол.

„Претседателот јасно стави до знаење дека цивилите можат да излезат и да заминат каде сакаат. Милитантите мора да го положат оружјето и исто така да излезат. Нивните животи ќе бидат спасени. На сите повредени и болни ќе им биде укажана медицинска помош“ вели Песков.