Песков: Русија чека Украина да ги прифати барањата за мировни преговори

„Русија чека Украина да ги прифати барањата за мировни преговори“.

Ова е изјавата на портпаролот на Кремљ – Дмитриј Песков, коментирајќи го предлогот на поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер, Западот да се откаже од обидот да ја порази Русија воено во Украина и ја нагласи потребата да се убеди Киев да се вратат на преговорите.

„Чекаме Киев да ги прифати барањата на Москва и да ја разбере де факто ситуацијата, реалната ситуација што постои“ – рече Песков.

Кисинџер, пак, во понеделникот оцени дека постигнувањето на неутрален статус на Украина и нејзиното позиционирање како мост меѓу Русија и Европа може да се замисли како крајна цел во сегашната ситуација.

Тој рече дека преговорите треба да започнат во следните два месеци, пред конфликтот да создаде такви пресврти и тензии кои нема да бидат лесно да се надминат.