Дмитриј Песков – портпаролот на Кремљ денеска изјави дека Русија прави напори да ја осигура својата безбедност, особено во контекст на можното распоредување на оружје на НАТО во Финска и Шведска.
„Таквите опции се разгледуваат, а тоа не го прави Кремљ, туку Министерството за одбрана. Се прават напори да се обезбеди нашата безбедност“ – рече Песков.
Прашан за коментар за процесот на приклучување на Финска и Шведска во НАТО, тој рече дека претседателот Владимир Путин веќе ја разјаснил својата позиција „и нема што да се додаде“.
Шефовите на дипломатиите на Финска и Шведска, Пека Хависто и Ен Линде и амбасадорите на 30 членки на НАТО рано денеска ги потпишаа протоколите за пристапување во Алијансата. Тие ќе можат да влезат во НАТО откако сите членки ќе ги ратификуваат документите.