Песков: Русија не гледа предуслови за мировни преговори со Украина

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави во Москва дека Русија не гледа предуслови за мировни преговори со Украина.

Песков за новинарите изјави дека во моментов не постои таква можност, пренесува ТАСС.

„Кога е во прашање дијалогот, постојано сме кажале дека сега нема таква опција. Тоа не е видливо, ниту има предуслови“, изјави портпаролот на Кремљ.

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, поранешен руски претседател, минатата недела изјави дека преговорите со Украина се „невозможни“ додека претседателот Володимир Зеленски е на власт во Киев.