Песков: Русија нема да употреби нуклеарно оружје

Дмитриј Песков – портпаролот на Кремљ во интервју за американската телевизија „Пи-Би-Ес“ изјави дека Русија ќе посегне по нуклеарно оружје само ако нејзиното постоење е загрозено, а не поради исходот од конфликтот со Украина.

„“Имаме безбедносен концепт, што многу јасно кажува дека само кога постои закана по постоењето на државата можеме да употребиме и ние навистина ќе употребиме нуклеарно оружје за да ја елиминираме заканата за постоењето на нашата земја“ – посочи Песков.

Тој додаде дека каков било исход од операцијата во Украина „не е причина за употреба за нуклеарно оружје“.

Песков неодамнешната изјава на американскиот претседател Џо Бајден за претседателот на Русија, Владимир Путин ја оцени како неприфатлива.

„Не е на претседателот на САД да одлучува кој ќе биде, а кој нема да биде претседател на Русија, за тоа одлучува народот на Русија на избори“ – посочи Песков.