Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија мора да има јасно дефинирана безбедносна граница, бидејќи ќе мора да живее во услови на конфронтација.
– Не мрдаме, веќе пристигнавме на станицата наречена „конфронтација“. И ние треба да бидеме собрани, моќни и треба да имаме маргина на безбедност, затоа што допрва треба да живееме во услови на оваа конфронтација – одговори Песков на новинариско прашање пренесува РИА Новости.
Тој за каналот „Русија 1“ посочи дека Западот ја игнорирал загриженоста на Русија за спроведувањето на договорот од Минск за Украина, кој беше претходник на специјалната воена операција во Украина.
– Па, со текот на времето, се разбира, тоа стана очигледно и повторно претседателот Путин и другите наши претставници постојано го повторуваа и изјавуваа. Но, сето тоа беше игнорирано од другите учесници во преговарачкиот процес. Сето ова е само претходник на специјална воена операција – рече Песков.
Песков посочи и дека „на колективниот Запад не му се допаѓа Русија и нема да ја сака“.