Песков: Односите меѓу Русија и другите земји нема да бидат насочени кон нас

 

Москва се надева дека посетата на американскиот претседател Џо Бајден на Саудиска Арабија нема да биде искористена за да се преземат антируски чекори, како што е обидот да се убеди Ријад да го зголеми производството на нафта додека цената расте, се наведува во соопштение.

Портпаролот на Кремљ – Дмитриј Песков изјави дека Русија, вториот најголем извозник на нафта по Саудиска Арабија, и најголем извозник на природен гас високо ја цени соработката со Арабија во групата водечки светски произведувачи, наведува британската агенција.

„Ние ги почитуваме договорите кои се постигнати во склоп на ОПЕК и високо ја цениме работата на нашите партнери. Ги почитуваме нашите односи со Ријад и секако се надеваме дека изградбата и развој на односите меѓу Русија и другите земји на ниеден начин нема да бидат насочени кон нас“ – рече Песков.

Советникот на Белата куќа за национална безбедност, Џејк Саливен во понеделникот изјави дека Бајден оваа недела кога ќе се сретне со лидерите од земјите од Персискиот залив ќе побара од нив да го зголемат производството на нафта за да се намали цената на горивата, пренесува „Ројтерс“.