Москва не ја зема при срце Резолуцијата на Европскиот парламент со која Русија се признава како држава која го поддржува тероризмот, бидејќи таа не е правно обврзувачка, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
„Европскиот парламент е тип на организација која со задоволство ја заснова својата работа на емоции, на емотивен пристап и за нас не е тајна дека таму има малку љубов за нас во последните години“, рече Песков, а пренесе ТАСС.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија се води од сопствените интереси и дека нема да „пука во нога“ во случај западните земји да наметнат горна граница на цените на енергијата.
Песков потсети на изјавата на рускиот претседател Владимир Путин, кој рече дека Русија нема да ја продава својата нафта и гас на таквите земји.
Во опширното интервју за телевизијата „Русија-1“ Песков рече дека ситуацијата во Европскиот парламент во моментов е таква што русофобијата е преплавена и додаде дека емоциите се „толку нестабилна работа“.