„Многу компании од Европа и САД планираат да се вратат на рускиот пазар што е можно поскоро, иако сега треба да почекаат“.
Ова денеска го изјави портпаролот на рускиот претседател – Дмитриј Песков.
„Има одлуки на поединечни влади, има одлука на Европската унија како интеграциска асоцијација, има директива за сите вазали од САД. Но, многу компании од САД и Европа, како што знаеме, за жал сега се принудени да чекаат“ – рече Песков во интервју за „ТАСС“.
За Меѓународниот економски форум (СПИЕФ) во Санкт Петербург оваа година Песков рече дека покрај казахстанскиот претседател Касим-Јомарт Токаев, оваа година ќе бидат присутни и други учесници.
На земјите кои одбија да платат за гас според новиот аранжман на Москва заснована на рубља, веќе им е прекинато снабдувањето, вели тој.
„Некои земји се веќе исклучени. Не се планирани нови исклучувања. Оние земји кои добиваат гас веќе функционираат според новиот систем, опишан во соодветниот указ на претседателот на Русија. Овој систем функционира одлично“ рече Песков.